Нема затворска казна за поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митровски-Урко.
За сообраќајката која тој ја предизвика, а во неа животот го загуби 22 годишниот Стојанчо Андонов, Митровски доби две години условна казна. Судијката Биљана Коцевска утврдила дека вината за сообраќајката со смртни последици е кај веќе починатиот моторџија. Возел над 90 километри на час или со неприлагодена брзина а немал вградено предно светло.
Семејството на починатото момче не поднесло кривична пријава против Дејан Митровски-Урко.
Сообраќајката се случи лани, а момчето по пет дена во болница, на први август им подлегна на повредите. Несреќата се случи во населбата Кисела Вода, кај Стара Рампа. Првичните информации беа дека Митровски свртел на две полни ленти кога го удрил моторциклистот.


