Брачниот пар Алексиќ, кој живее во Канада, се најде лице в лице со канадските судски органи, поради печени пиперки!
Како што велат тие, иако одамна ја напуштија Србија, од подготовките на зимница никогаш се немаат откажано, како и од печењето на црвени пиперки за правење ајвар на старомоден начин.

– Ние со години веќе печеме пиперки и правиме ајвар во нашиот двор. И не само ајвар, туку и кисели краставички и друга зимница, и досега никој немаше никакви забелешки. Јас живеам во Канада од 1989 година и ги знам сите нивни прописи. Затоа и не запалив оган на отворено, туку во буре, а одозгора ставив решетка за скара. Сепак, очигледно е дека на некој му пречело, претпоставувам дека сум пријавен од сосетката, па наскоро во дворот влегоа пожарникари, а потоа дојде и тужбата неколку дена подоцна – објаснува Горан Алексиќ, додавајќи дека на неколку рочишта со канадските судии имал сериозни проблеми.
Смеејќи се Горан забележува дека според канадскиот закон, за непочитување на забраната за палење на оган на отворен простор во одредено време, казната изнесува 50.000 $, а кој нема да сплати оди во затвор една година.
Сепак, е оптимист и се надева на среќен крај.


