По многу години гласини за нивната романса, актерката Катарина Радивојевиќ конечно потврди, дека заради холивудската ѕвезда, Бенисио дел Торо, таа отиде во Америка.
Неделникот “Глорија” објави бомбастична приказна за љубовта помеѓу српската актерка Катарина Радивојевиќ (38) и ѕвездата Бенисио дел Торо (50). Катарина ја отвори својата душа за прв пат и откри дека ја напуштила Србија заради оскаровецот од Порторико.
– Мое правило е да ја задржам мојата интимност за себе, и тоа секогаш ќе биде така. Се работи за голема љубов од моја страна, но јас во љубовта секогаш давам се од себе”, рече Катарина и откри дека нивната љубов е завршена, бидејќи не сакаше да направи компромиси.

Таа имала страстна врска со Бенисио.
– Она за што денес сонувам е да имам нормално, здраво, цело семејство. Не сакам врска со компромиси. Знаев што сакав во тој момент и сакав целосна приказна, сè или ништо. Кога сфатив дека е невозможно, продолжив понатаму, открива Катарина како заврши нивната романса.


