(ФОТО) Меланија со високи потпетици “тргна” кон ураганот Харви

Меланија Трамп предизвикува контроверзии, но повторно, со нејзиниот последен аутфит.

Првата дама со сопругот Доналд Трамп, го напушти Вашингтон, на пат кон Тексас, за Претседателот на САД, непосредно на лице место, да ја процени штетата направена од ураганот Харви. Но Меланија е таа која предизвика коментари. Додека излегуваше од Белата куќа за да се качат во хеликоптерот Marine One, таа носеше црни потскратени панталони, зелена пилотска јакна и црни чевли со високи потпетици.

melania_donald_trump_hurricane_harvey_1

Поранешниот модел обично носи високи петици за време на јавните настапи, Manolo Blahnik и Christian Louboutin се нејзини дизајнери, но новинарите овој пат ја “начекаа” со чевлите.

“Меланија носи високи потпетици во ураганска зона”, напиша политичкиот репортер на Wall Street Journal.

Според портпаролот на Трамп, Меланија ќе има поинаков пар чевли кои таа ќе ги промени по слетувањето во Тексас.

Најнови вести

Најново од Свет, Топ Вести

Најчитани вести