Потпорен ѕид падна и усмрти скопјанец во Дебар Маало

Потпорен ѕид падна врз шеесет и осумгодишен скопјанец и го усмрти.

Како што информираат од полицијата, се работи за М.Т. кој утрово починал откако врз него паднал потпорен ѕид, во 9 часот, кога пешачел на улицата Дане Крапчев. Тодоровски застанал во близина на објект, каде што се изведувале градежни работи.

Според МВР, тој починал на самото место.

Најчитани вести