На Глен Дурам (49) од американската сојузна држава Мичиген, одреден и е доживотен затвор поради убиство, а главен сведок бил куќниот папагал.
Глен испукала пет куршуми во сопругот Мартин Дурам, а тогаш се обидела да се убие.
Истрагата не можела да ја докаже во потполност вината и Глен веројатно би го избегнала затворот да не бил папагалот Бад.
Првата жена на Мартин и уште неколку членови на семејството слушнале како папагалот го имитира гласот на убиениот и повторува реченици со кои бара од жената да не пука во него.
Сведокот на убиството папагалот Бад е вид на африкански сив папагал, познат по способноста да имитира говор.


