(ВИДЕО) Ветер однесе камионска приколка од дубровничкиот мост

На мостот д-р. Фрањо Туѓман, познат како дубровнички мост, во Хрватска, денеска околу 15 часот, поради силниот ветер приколка се откачила од камионот и ја погодила заштитната ограда. Снимката покажува дека ветерот ја изврте приколката и ја исфрли во бездната.

– Полицајци излегоа на терен. Според првите информации нема повредени лица, а има само материјална штета – потврдиле од Дубровничко-Неретванската Полициска Управа.

Поради силниот ветер, мостот е затворен за сообраќај.

Најчитани вести