(ВИДЕО) Драгиќ ја изненади мајката на Дражен, неговиот дрес ќе биде заедно со оние на Џордан и Кари

Горан Драгиќ фантастично го одигра Европското првенство и како МВП на турнирот ја однесе Словенија до првото злато во историјата. Лидерот на словенечката репрезентација авторитативно го водеше националниот тим на неговата земја до титулата европски шампион, но кога мајка му на Дражен Петровиќ, Бисерка Петровиќ, го испрати дресот на Дражен, Горан Драгиќ беше трогнат и со насолзени очи бидејќи Дражен беше негов идол.

Реакцијата на Драгиќ ја предизвика една словенечка ТВ-емисија да ја покани на гостите Бисерка Петровиќ и да го организира нивното запознавање. Петровиќ рече дека Горан Драгиќ го знае само преку играта на паркетот, а потоа водителката на шоуто “распали”: “Вие лично ќе го сретнете, тој дојде тука само за вас”.

“Ќе ми дозволите жива ад се вратам во Загреб?” – Бисерка беше изненадена од доаѓањето на Драгиќ.

“Ви благодарам многу за дресот. Тоа ми е најголем подарок во животот. Ние сите знаеме што направи Дражен за кошарката”, и рече Горан на мајката на Дражен.

“Вие го носите неговото дело”, одговори Бисерка Петровиќ, а Горан брзо одговори:

“Затоа ја носам тројката”.

Драгиќ на Бисерка Петровиќ и го даде својот дрес потпишан, а мајка Дражен потоа одлучи, на самото место, што ќе прави со него.

“Па каде сега со сите оние тројки … Оваа ќе биде на посебно место во музејот, каде што се дресовите на Мајкл Џордан и Стеф Кари. Ќе оди на третото место”, рече Бисерка и одговори на прашањето дали тешко се одделила од дресот на Дражен кој му го подари на Драгиќ:

“Горан го носи Дражен со себе, тука е. Ниту еден момент не беше ни жал, ни тешко. Кога ќе ги слушнам младите луѓе, кои се занимаваат со кошарка, како зборуваат за Дражен, ги полнат моите батерии и ми даваат сила. Додека можам, ќе зборувам за Дражен” – рече Бисерка Петровиќ.

Најчитани вести