Основниот суд во Скопје му определи 30-дневен притвор на Едмонд Темелко, градоначалникот на општината Пустец, Албанија. Притворот е определен на барање на Специјалното обвинитество.
Темелко е обвинет во случајот Титаник, за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013-та година.
Неофицијално се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да не ја напушта Македонија, Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација.
Во споменатиот судски случај на Специјалното обвинителство се обвинети и Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.


