(ФОТО) Серхио Агуеро повреден во сообраќајна несреќа во Холандија

Серхио Агуеро, фудбалерот на Манчестер Сити е сериозно повреден во сообраќајна незгода во Холандија. Тој бил на концерт на латинската ѕвезда Малума во Холандија и по завршувањето на концертот се качил во такси, кое требало да го одвезе до аеродромот. Но, на пат кон аеродромот, таксистот изгубил контрола и со автомобилот удрил во бандера.

Aguero_soobrakajka_1

Аргентинецот, за среќа, бил заврзан со појас, со што успеал да избегне посериозни повреди. По ударот, веднаш пристигнала Брза Помош и фудбалерот бил префрлен во болница, по што било констатирано дека има напукнати ребра. По ова, според прогнозите од медицинскиот тим Агуеро ќе биде отсутен два до три месеци надвор од терените.

Најчитани вести