(ВИДЕО) Бајрам: Со Груевски бев на посета кај Елвис ама не не пуштија

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, денеска по два дена од тепачката во која беше повреден излегол од болница, кажа неговиот татко Амди, во интервју за ТВ Нова.

Неговиот татко, Амди Бајрам рече дека не бил задоволен од лекувањето во болницата и додаде дека синот ќе го лекуваат во домашни услови, бидејќи, како што рече, сè уште бил во лоша здравствена состојба.

– Сега пред еден саат го извадив од болница, со потпис на Елвис Бајрам, како родител барав да го тргнам од таа болница, затоа што таа болница под диктатура работи. Затоа што вчера јас бев со Никола Груевски на посета, не не пуштија да го посетиме, да го видиме таму. Мојот син и Никола Груевски. Значи, тотална тортура се работи, тотално договарано е со полиција – рече Бајрам.

Видео: ТВ Нова

Најчитани вести