(ВИДЕО) Градоначалникот на Демир Капија го нападнал Саше Политико

Претпладнево во центарот на Демир Капија бркотница и закани за ќотек од градоначалникот Трајче Димитриевски, попознат по прекарот „апашот“, кон новинарот Саше Ивановски Политико.

Како што за Либертас изјави Политико тој заминал за Демир Капија да ги провери лично кај градоначалникот информациите од читатели на неговиот портал Мактел.

– Градоначалникот го сретнав на улица, му пријдов, му се преставив и само што почнав да го прашувам ме нападна, ме пцуеше и сакаше да ми го земе мобилниот. Во инцидентот се вклучи и неговиот возач и тој ме пцуеше и ме бркаше – изјави Ивановски за Либертас.

Ивановски нападот го пријавил во полиција.

Најчитани вести