(ВИДЕО) Пилотот едвај го додржа Ербасот на пистата

Авионот Ербас, на Емирати ерлајнс, е забележан како има големи проблеми поради силната бура на пистата на аеродромот во Дизелдорф, Германија.

Иако слета релативно мирно, пилотот се бореше да ја задржи патеката на пистата, а ветерот го вртеше авионот лево-десно. Во авионот имало 500 патници.

За среќа, пилотот успеа да го задржи авионот на пистата и да го совлада ветерот. Ниту еден од патниците не беше повреден.

Северна Германија е погодена од бурата Ксавиер, која носи урагански ветрови и досега загинаа 7 лица. Невремето предизвика голема штета, а железничкиот сообраќај беше откажан во голем дел од земјата.

Најчитани вести