Преку Јутјуб, Шангај Ролекс Мастерс турнирот во тенис, ја сподели видео снимката од зад сцената и не однесе ексклузивно во соблекувалната на Роџер Федерер. Швајцарскиот играч, како и другите топ-осум носители, имаат ВИП соблекувална, наместо заедничка просторија.
Како што можете да видите од видеото, има софа, ТВ, маса за масажа, бања и готвач. Светскиот бр. 4, Александар Зверев, рече дека Шангај е еден од најубавите Мастерс 1000 турнири, веројатно е подобар само Индијан Велс, а и другите високи рангирани играчи го гледаат како приоритетен настан.
Исто така, овој турнир има и многу голема парична награда: победникот во сингл заработува 1.336.000 долари.


