(ВИДЕО) 14 месеци забрана за претседателот на Сион кој удри коментатор

Претседателот на швајцарскиот фудбалски клуб Сион, Кристијан Константин, е казнет со 14 месеци забрана да извршува раководни функции, поради удирање на телевизиски коментатор.

Константин за периодот на казната нема право да влегува на стадионите.

Тој, исто така е казнет со 100.000 швајцарски франци.

Претседателот на Сион го удри коментаторот и поранешен селектор на Швајцарија, Ролф Фрингер по натпреварот на Сион против Лугано на 21 септември.

Фрингер го навлече гневот на претседателот на Сион со тоа што го нарече „нарцис“.

Најчитани вести