Ја следам медиумската приказна за екс градоначалникот на Охрид, инаку кардиохирургот Бакрачески. Новата директорка го деградирала, го ставила шеф на одделението за доплери, а медиумски тоа беше, чинам, искирикирано дека му дала место на ниво на медицинска сестра.
Се потрудив од пријатели во Охрид, медцинари, се разбира, да прашам, и чинам, не е баш се така.
Директорката има вина за поставување на нејзиниот сопруг за раководител, колку и да е стручен и да го заслужува тоа, има конфликт на интереси и за тоа треба и критика, и се разбира да го промени тоа.
За Бакрачески, искрено, а и пријателите ми велат дека нема ништо спорно. Тој е назначен за шеф на одделот за доплери и за тоа зема додаток на платата, а инаку работи како кардиохирург, продолжил и веќе ставал стентови.
Значи, не му е забранета операционата сала, напротив…
Ова го пишувам оти ми се мачи од кукања и дозирани информации. Бакрачески има право да се лути, негова работа си е тоа, но белким не очекуваше пак да биде директор на Кардиолошкиот завод. Тој како професионалец, ете, ќе си работи и не смее да му фали ништо во работата, ама пак ако очекувал за неговата величина стаклена витрина, е тука навистина го обесправиле.
Некако целава работа ми е пренадувана, и да бидам искрен, ми заличува на суетна работа.
Докторе, пациентите ги имате, апаратите и операционите сали исто, помагајте, лечете ги, директор секогаш не може да бидете, но добар кардиохирург, каков што велат дека сте ќе бидете, оти тоа е ваше, не е дадено од партија.
Ацо Кабранов


