Доказ дека бабата која ја негува
Традицијата прифаќа и модерни работи од новото време, е фактот што таа неодамна побарала од својата внука да ја научи да прави смути. Сега, секое утро си го овозможувала тоа задоволство себеси и на својот животен сопатник, но и на блиските.
Братот на Кристина е кардиолог, па редовно се грижи за здравјето на бабата и дедото кои живеат во истата куќа, во посебен влез. Близу железничката пруга и Демиркаписката клисура.
– Тиква, домати и други земјоделски производи од сопствено домашно производство, но и многу хумор, тоа е она што ќе го чуете дека ја одржува баба Велика. Си работи на лозовиот насад, во градината и дворот. Се нервира само кога гледа мрзливи луѓе. Ракија и вино може да се напие само кога наздравува за празници како пред некое време за Велигден, кога прославила со своите најблиски, за празникот, но и за именденот. Никогаш не другарувала со цигари. Во минатото кога живеела во демиркапиското село Клисура, имала и домашни животни и пиела козјо млеко, но правела и сирење. Од денес ги планира работите за утре. За прочка си сука ложен баник, кој го обожаваат сите од пошироката фамилија. Мајка и своевремено била бабица и се грижела за леунките во Демир Капија, како денешна патронажна медицинска сестра.
Од семејството Николовски ја добивме и оваа фотографија која ја направиле за спомен, а на која се гледа како тогаш Велика се качила како и многу пати дотогаш на покривот од куќата, за да го исчисти оџакот.
– Знаете, таа е толку полна со енергија и на овие години, па едноставно нема трпение да почека за да дојде некој да и помогне. Фотографијата е од пред две години, мислам дека беше ноември. Но тоа и беше последен пат да го прави тоа што и многу помлади не го прават, веќе не смее да се качува на кровот, има и официјална забрана од нас, раскажа Кристина.
Старицата која има четири деца, седум внуци и 10 правнуци, само едно нешто не научила во животот, а тоа е да прави палачинки. Но затоа пак со задоволство ги јаде кога ќе и ги приготват други. И секогаш сака да го сваре првото кафе во денот за семејството.
Баба Велика која е своевиден херој, а сака да доживее толку години, колку што ќе и даде судбината, е полна со позитивна енергија, милува да разговара и да се шегува, па да каже и по некој виц. А ќе остане запаметена и по тоа што многу пати знае да каже, кога ќе остарам, или, прашај некој постар човек.
– Сакам пензија да ми дадат оти одгледав четири деца, ми рече супер бабичката која секогаш е пријателски расположена и гостопримлива.
Светлана Дарудова
Извор: МИА
]]>


