Дрвените играчки на Благоја Секуловски од Журче

Пензионерот Благоја Секуловски при изработката на фигури и играчки од дрво се инспирира од различни мотиви и сеќавања, случки од животот. За изработка на една фигура потребни се најмалку два месеца, а многу време потрошил при изработката на фигурата за еден писател кој напишал книга за селото Журче, и затоа одлучил во знак на лична благодарност да изработи фигура со неговиот лик каде за награда е почестен со заслужено кафе. igracka -Фигурата за писателот ја правев со посебен ќеиф. Полека, полека и релаксирано. Сакав да биде поубава од книгата што тој ја напиша за селото Журче, се потсмевнува Благоја и додава дека со задоволство ја чува дома, а изложува на јавни манифестации. Инаку, јас се што изработувам не продавам, туку подарувам. Но најмногу се радувам кога радоста на другите заеднички ја споделуваме. Затоа многу дечиња се радуваат на изаботените коњчиња, магаре, запрежна кола…а, возрасните пак…сеќавајќи се на вестерн филмовите и американските каубои, посебно се загледуваат на каубојот на коњ, вели Благоја. Според Благоја Секуловски, изработувач на фигури и играчки од дрво, најголемиот и позитивен ефект од неговите оригинални и своерачни изработки го воочил кај децата кои почитувајќи го дрвото, всушност ја почитуваат природата, а родителите кои на децата им нудат дрвени играчки, истовремено им приредуваат еко-четива. -Дрвената играчка се раѓа во природата и во таа смисла слободно може да речам дека екологијата не е само наука, туку и начин на живеење. Да се чуваат играчки од дрво и не е толку многу тешко бидејќи децата стануваат „зависни“ од нив, не се одделуваат од нив и раскажуваат за нив. Впрочем, дали приказната на Ѓепето за „Пинокио“ лесно се заборава, се запрашува Благоја, раскажувајќи ја својата приказна за пензионерските денови во своето село Журче, уверен дека ниту една негова играчка нема да прооди. Но истовремено жали што белоглавиот орел се помалку лета над демирхисарското поднебје. Благоја не претендира да биде „македонскиот“ Ѓепето, но сака дел од своето време да го помине промовирајќи ги своите дрвени фигури и играчки пред децата од основните училишта во општина Демир Хисар. Марјан Танушевски Извор: МИА]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести