(ВИДЕО) Првите снимки од паднатиот авион во Хавана, 104 патници, многу жртви

Авионот се урнал во 12:08 часот по локално време (18:08 по средноевропско време) во близина на селото Сантијаго де Ла Вегас, на околу 20 километри јужно од Хавана. Кон местото на падот на авионот се упатиле полицајци, екипи на Брзата помош и противпожарни возила. Причините за уривањето на авионот засега не се познати, но набрзо по инцидентот авиокопанијата „Кубана де Авиасион“ приземји некои од нејзините летала. Изминативе месеци „Кубана де Авиасион“ повлече од сообраќај неколку свои застарени авиони, поради што беше приморана да изнајмува летала од други авиокомпании.]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Ударни вести

Најчитани вести