Медиумите во Франција го обвинија Путин за „недостиг на елеганција“

Грабар-Китаровиќ ја зачува трпеливоста и насмевката и продолжи да им честита и да ги прегрнува фудбалерите и покрај силниот дожд. Слична беше и реакцијата на Макрон, за кого весниците на шега пишуваат дека тој, како и фудбалерите од националниот тим го „наводенил дресот“. Коментаторите го критикуваат Путин за „недостиг на елеганција“ токму во овој момент, и мислат дека морал брзо да оди со чадорот до својата колешка од Хрватска и да ја заштити од дождот. Француските изданија се осврнуваат и на упадот на четири лица на стадионот за време на финалето за кое одговорност презеде руската панк група „Пуси Рајот“, која објасни дека така сакале да привлечат внимание на проблемот со политичките затвореници во Русија и особено, да побараат ослободувањето на украинскиот режисер Олег Сенцов, кој е осуден на 20 години во Русија под обвинение за тероризам и трговија со оружје.]]>