(ВИДЕО) Деспотовски: Компаниите во рок од 15 дена да достават изјави за сопственичката структура до ФИТР

Со 79 компании опфатени со првиот инвестициски бран се уште не се потпишани договори и не е исплатен ниту денар буџетски пари. – Да сакавме да сокриеме нешто ќе ги потпишевме договорите, па ќе ги објавевме резултатите, рече Деспотовски. Одговарајќи на новинарски прашања појасни дека сопственичката структура не е критериум за оценување и оти таа се зема предвид кај инструментот иновативност и само од аспект на тоа дали доминантни сопственции на компанијата се државјани на Република Македонија. Деспотовски тврди дека дополнителното разгледување на евентуалните проекти што би декларирале поврзаност во сопственичката структура со носители на јавна функција нема да го одолговлечи процесот на распределба на парите со повикот. – За тие што ќе се изјаснат дека нема такво нешто постапката си тече, ќе ги потпишеме договорите и ќе почнеме со реализација на средствата. Ако во првата група има компании кои ќе се повлечат поради конфликт на интереси парите автоматски ќе ги искористиме за фирмите кои се веќе на листа на чекање бидејќи имаме многу поголем обем на одобрени проекти отколку средства на располагање, појасни Деспотовски. Како што информираше, 79 компании од првиот инвестициски бран предвидуваат инвестици од 20 милиони евра, од кои 10,5 милиони евра се државни средства, а девет милиони евра приватни. Во нив ќе бидат анагажирани 460 лица, од кои 85 ќе бидат нови вработувања, а ќе се исплаќа просечна плата од 48.000 денари. Пристигнатите проекти од компаниите на повикот што беше распишан на 27 април годинава и траеше 45 дена, ги оценуваа 80 домашни и пет надворешни експерти. По објавувањето на резултатите од повикот во јавноста беа изнесени тврдења за злоупотреби во распределбата на грантовите на фирми поврзани со владини функционери, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера оформи предмет по допрен глас. Обвинителството презема дејствија за утврдување факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше прозван во јавноста за грантот што го доби компанијата „Кастинвест“ каде е коспоственик, а од кој и се откажа, рече дека ги испочитувал сите законски аспекти и го охрабри обвинителството да го истражи случајот. извор: МИА]]>

Најчитани вести