Со членството во НАТО, Албанското земјоделство доживува експанзија

– Нашата компанија „ДРИЗА“, го зголеми бизнисот за 30% со влезот на Албанија во НАТО. Стабилноста која ја нуди ова членство значеше сигурност за нас бизнисмените. Ваквиот процес ја очекува и Македонија. Мојата компанија ќе инвестира 20 милиони евра во бројлерско производство.  Тоа значи нови вработувања и развој на семејни фарми кои ќе бидат наши кооперанти. На тој начин работиме овде во Албанија каде што имаме одлична соработка со фармери на кои им даваме еднодневни полиња и храна, а потоа пилињата ги носат кај нас во кланица.Големи амбиции имаме за во Македонија, особено сме охрабрени од поканата за членство во НАТО која неодамна ја доби земјата – вели Хигмет Дриза. kokoska3 kokoska Еден од сопствениците на Откупно -дистрибутивниот центар „ДОНИ ФРУИТС“ исто така инвестицијата ја поврзува со членството на Албанија во НАТО. doni_fruits -Јас сум од Косово но овде во Албанија ја видов сигурноста и перспективата за нашиот бизнис кој има 60 годишна традиција. Чекаме и Македонија да стане членка на НАТО за да може и таму да инвестираме. Нашата дејност е пласман на земјоделските производи по европски стандарди и квалитет. Сакаме да помогнеме во пласманот и на македонските земјоделски производи и за таа цел размислуваме да го прошириме бизнисот во Македонија. Нашите планови се пошироки,  имаме амбиција да станеме лидери во целиот регион. Македонските земјоделци можат да ни помогнат во тоа со кооперанстките односи кои ќе ги изградиме со нив и ќе развиваме договорно производство- изјави Ејуп Ахмети. ejup Албанското земјоделско производство последниве неколку години бележи вистински бум во развојот. Со 20 милиони евра годишно земјоделски субвенции реализирале 20% зголемување на домашното производство само во една година. Подржуваат производства кои се извозно ориентирани, за што се одлеваат девизи и производства кои ги увезуваат и на тој начин го намалиле трговскиот дефицит. zamenik_minister Со огромниот број на туристи кои се близу 7 милиони годишно ја  зголемиле потрошувачката на земјоделските производи и на домашниот пазар, а сигурноста за инвеститорите по влезот на земјата во НАТО им овозможиле само во една година 400 милиони евра странски инвестиции.]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести