Земјоделецот Межди Зибери од село Радиовце, општина Брвеница минатата година заедно со неговиот син насадиле 1 ха со аронија.
Вели дека идејата е на синот кој е доктор по вокација и точно ги знае придобивките од овој плод и позитивното влијание врз организмот.

Садниците ги набавиле од Агро Калишта, се информирале за начинот на садење, за растојанието меѓу садниците и меѓу редовите и какви други агротехнички мерки се потребни.

Потенцира дека се работи за органско производство, ѓубрено со арско ѓубриво, а следна активност после садењето е поставување на систем капка по капка.
Почетници се во ова производство, но од она што се гледа е со мерак работено и сработено.

Ова е тоа што се однесува за насадот со аронија, но слушнете го Межди Зибери на општа тема – земјоделско производство.
Багерист по професија, земјоделец, почитуван во својот крај, родител кој направил се’ младата генерација да се образува, да има почит кон фамилијата и државата во која живее. Неговото животно искуство и став се драгоцени за ова наше време во кое живееме:
Извор – Агротим


