(ФОТО) „Скопје Ран“ го исполни градот со позитивна енергија

На Skopje Run 10K во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов со 32:47 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:28 минути. Од женските прва беше Адријана Поп Арсова со 38:28 минути, второто место го зеде Милјана Ристиќ со 39:06 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 39:59 минути. Pobednici mazi Од штафетната трка најдобри беа NRC – NIKE + RUN CLUB со 40:20 минути, по нив 091RUNCRW & SKIRIS со 45:15 минути и трети завршија H&W-SKOBUL со 45:58 минути. По трката и на првите три според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на Skopje Run 10K во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат. Skopje Run 10K (3) Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски луб Работнички и Атлетската федерација на Македонија. Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт, а покровител е Град Скопје. Трката е помогната од официјалните партнери и спонзори. ]]>

Најчитани вести