(ВИДЕО) Најсреќниот човек на светот живее на Хималаите и има 5 совети

Не грижете се „Не грижете се за ништо. Ако наидете на некои тешкотии и проблеми и ако постои решение, направете го тоа. А ако нема решение, нема смисла да се грижите, бидејќи проблемите ќе станат само поголеми. Опуштете се. Мислете на некои други корисни работи што можете да ги направите. Ќе најдете друг начин…“ Вежбајте среќен живот „Постојат многу основни човекови квалитети исклучително важни за среќен и исполнет живот и функционирање на оптимален начин, како што се грижливост, љубов, добрина, внатрешна слобода и внатрешен мир. Овие карактеристики не може да се подобрат без вежбање, а за вежбање треба време.“ Пронајдете ја вашата страст „Кога имав 20 години, бев збунет и барав вештина со која би се занимавал и која на мојот живот би му дала смисла. Во еден момент ќе морате да се запрашате: ‘Што е тоа вистински што ми е важно’. Грчкиот поет Аристофан рече дека учењето не е само пополнување на празнината, туку и палење на пламенот, а пламенот на животот му дава смисла. И пламенот не е секогаш каде што мислите дека би можел да биде. Постои нешто, вештина кои ќе ве исполни и инспирира. Барајте го тоа и направете се што е потребно да го постигнете посакуваното.“ Посакајте сите да бидат среќни „Бидете алтруист и посакајте секој човек во светот да биде среќен. Зошто некого да исклучите? Да посакате секој да биде среќен, не значи дека посакувате тој да прави лоши работи, да успее со лажење, малтретирање…, затоа што тоа никому не му носи среќа. Тоа значи дека вие сакате сите да бидат ослободени од страдањето, лутината, ароганцијата, нарцисоизмот… Алтруизам значи да се сакаат само добрите луѓе.“ Помагајте им на другите „Каде и да одам, одам со цел да му помогнам на некого. Зошто воопшто би одел некаде и би патувал до некаде? Мене ми е совршено добро овде каде што живеам, на Хималаите. Каде и да појдам од Хималаите, сакам некому да му помогнам. Инаку секое заминување од дома е губење на време. ” ]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс