Тевдовски: До 2016 долгот беше галопирачки, ние го стабилизиравме

Министерот истакна дека транспарентно се известува за долгот и со веродостојни податоци. Тој рече дека земјата неодамна пристапи кон највиоскиот статистички стандард СДДС плус, кој го исполнуваат само 18 земји во светот. Тевдовски рече дека ако претходната влада го тргнала негарантираниот долг од пресметката за јавен долг и престанала да ја изработува Стратегијата за управување со јавен долг, оваа Влада со измените на законот за јавен долг ги враќа истите. -Со измените на Законот за јавен долг, кои се во собраниска процедура, го враќаме и негарантираниот долг во пресметката за јавен долг. Ова беше препорака од меѓународните финансиски институции, како и наша заложба за транспарентно известување за долгот, откако во 2014 негарантираниот долг беше изваден од пресметката. Исто така, со измените во законот, ја враќаме Стратегијата за јавен долг, која во 2011 година беше вметната во Фискалната стратегија, со што се намали обемот на податоци. Со изработка на Стратегија за управување со јавниот долг, јавноста детално ќе биде информирана за портфолиото и менаџирањето со долгот-вели Тевдовски. Инаку министерот за финансии посочи дека целта за организација на овој настан е почетокот на активна кампања за финансиска едукација, која опфаќа различни профили на интерес и различни возрасти. Тој посочи дека во духот на фискалната транспарентност, освен што се објавуваат сите податоци, тиепреку едукацијата стануваат и попристапни за целата јавност. ]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести