(ВИДЕО и ФОТО) „Тодорица“ ги собра играорците од целиот регион

Гостите, тие што доаѓаат со години, знаат каков е редот и дека фолклорот е на прво место. А играорците ги имаше од неколку краеви на земјата, кои по своите носии се разликуваа исто како и по својот говор, но доаѓаа и од Босна и Херцеговина, Бугарија и од Србија. Најпознати за публиката во Свети Николе се играорците од Чичевац, кои веќе 50 години заедно со светиниколчани ја слават Тодорица. Чичевац е збратимен град на Свети Николе, а тамошниот градоначалник, кој е на чело на градот веќе 17 години, вели дека се чувствува како дома. todorica -„За тие 17 години, доаѓам сто пати и ова е и мој град колку што е град на градоначалникот и на граѓаните на Свети Николе. Овие два града се збратимени и има мног мешовити бракови, има многу граѓани на Чичевац, кои овде живеат и засноваа свое семејство, како и обратно, многу граѓани на Свети Николе во Чичевац. Мене ми е драго што сум овде гост, не гост, јас сум домаќин и секогаш со задовлство доаѓам и сметам дека тоа пријателство е посебно и секогаш давам придонес да биде вакво, го гледате расположението“. Неговиот домаќин, градоначаликот на Свети Николе, Сашо Велковски им посака добредојде и на претставниците на Општината Ќустендил, кои со себе го донесеоа и бугарскиот фолклор. todorica2 Фестивалот има долга традиција, но како се организирал со години, краток историјат ни даде директорот на Домот на култура, установа, која оваа година одбележува половина век посттоење. Како што се редеа групите, се редеа боите, колоритот, се менуваат лицата и кореографиите, но едно е исто – љубовта кон изворното, кон традициите и култрното наследство, во кои влегува и фолклорот. Многу млади лица имаше на сцената, многу од нив и школувани, како водачот на КУД Димитар Беровски од Берово. todorica5 На крај од денот, се славеа победниците. Фестивалски лауреат е КУД “Панче Пешев” – Kуманово, додека второто и третото место им припадна на КУД Шкипоња од Скопје и Илинден од Битола. Најдобра инструментална изведба, КУД “Јане Сандански” – Ново Село, Струмица todorics54 Најдобра сценска изведба, ЦНТК “Абрашевиќ” – Крагуевац, Р.СрбијаНајдобра вокална изведба, КУД “Јабланичко коло” – Лебане, Р.Србија. До следната Тодорова сабота, во Свети Николе. ИЗвор: ММС]]>

Најчитани вести