Тевдовски посочи дека со последните две Програми за економски реформи, поконкретно Програмата 2018 и Програмата 2019, направен е целосен пресврт во поставување и реализација на мерките.
– За првпат имаме јасна и кредибилна Стратегија за реформи во јавните финансии, значително е подобрена транспарентноста во јавните финансии. Стабилизирано е нивото на јавниот долг. Започна отплатата на доспеани неплатени обврски на јавниот сектор. Редовно се користи алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони. За прв пат е донесена Стратегија за формализација на неформалната економија и веќе имаме спроведено активности предвидени со Акцискиот план 2018-2020 – рече Тевдовски.
Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, истакна дека главна цел на подготовката на Програмата за економски реформи е да го подобри среднорочното економско планирање со цел подобро дизајнирање и имплементирање на структурните реформи кои ќе го поттикнат инклузивниот раст и конкурентноста.
-Програмата за економски развој им помага на земјите кандидати постепено да се прилагодат на критериумите за членство – постоење на функционална пазарна економија и конкурентност на пазарот – рече Пападопулос.
На настанот присуствуваше и сепцијалниот советник за економија на Владата од Германија, Валтер Дефа. Тој посочи дека цел треба да биде повисок раст, но не само квантитативен, туку одржлив, инклузивен и „паметен“ раст – базиран на нови технологии и иновации.
-Еден од клучните приоритети во реформите треба да биде зголемување на продуктивноста и конкурентноста во домашниот приватен секторсо подобро интегрирање на домашните фирми во глобалниот синџир на вредности. Врските со високо продуктивните странски инвестиции и домашните компании треба да се зацврстат. Ова ќе им овозможи на домашните фирми да се модернизираат, да користат модерни технологии, менаџмент практики, маркетинг, финансии и менаџмент на човечки ресури. Со тоа ќе се засили трансформацијата на структурата на економијата кон производство со повисока додадена вредност и поквалитетни работни места – рече Дефа.
На конференцијата присуствуваше и Јана Репаншек, директорката на Центарот за извонредност на финансиите (ЦЕФ). Таа истакна дека преку редовните обуки кои ги одржува ЦЕФ, континуирано се зајакнуваат капацитетите на вработените во институциите. ЦЕФ започнал к со имплементација на регионален проект за поддршка на земјите во процесот на подготовка на програмите за економски реформи. Се очекува проектот да придонесе за значително подобрување на квалитет
]]>


