По инцидентот Лозина е уапсен под обвинение за претепување и напад. Снимките од вознемирувачкото видео направено со камерата за набљудување на кафулето покажуваат дека Лозина прво се потпира на масата на која седат жените, а потоа удира една од нив, по што таа паѓа на земја. Нејзините пријателки се обидуваат да ја заштитат, но тој продолжува да ја тепа. Бремената жена, Еласмар, дала изјава за „Дејли телеграф“ преку лидерот на муслиманска заедница во Австралија и кажала дека сè уште е во шок. „Тој викаше кон мене дека муслиманите ја силувле мајка му“, раскажала таа. Сопругот на жртвата за новинарите изјавил дека Еласмар ретко излегувала, но овојпат ја прифатила поканата на пријателките д вечераат заедно. Тој и рекол да оди, а тој ќе остане дома да се грижи за децата. Лозина ќе остане во затвор овој месец, а судот веќе го одбил неговото барање за ослободување со кауција. -Откако сте зборувале за муслиманите, сте дошле до неа и 14 пати сте ја удриле по глава. Тоа е силен доказ против вас, што се однесува на прашањето за кауција, бил одговорот на судијата за барањето на Лозина да се брани од слобода. Повредената жена веднаш по инцидентот била однесена во болница. Полицијата соопштила дека таа има повеќе модринки и неколку отоци и се уште е шок од она што се случило. Пуштена е од болница на домашно лекување. Стипе Лозина веќе бил познат на полицијата и имал „дебело“ полициско досие.
]]>اعتداء عنصري بالضرب على امرأة #مسلمة حامل تدعى "رنا الأسمر 31 عاما" في الشهور الأخيرة من الحمل، في #أستراليا،… pic.twitter.com/sIIuA6Z3bO
— DOAM (@doamuslims) November 21, 2019


