Хотелот „Континентал“ ќе оди под хипотека во Комерцијална банка за кредит од 960.000 евра

Македонска беза. Одлуката за ставање под хипотека на хотелот „Континетал“ треба да ја донесе собранието на акционери на „Интернешнел хотелс“ АД Скопје закажано за 5 март годинава.

Според она што е соопштено, за добивање рамковен револвинг кредит-лимит во износ од 960.000 евра, „Интернешнел хотелс“ АД Скопје под хипотека става недвижен имот зградата на хотелот со вкупна површина од 17.135 м2 негова сопственост и земјиште под и околу објектот со вкупна површина од 12.296 м2 , како и подвижен имот – опрема и инвентар во хотелот „Континентал“. Имотот кој се дава под хипотека има вкупна проценета вредност од 3.799.230 евра што е 74,7 отсто од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка. Од одлуката на акционерите ќе зависи дали „Интернешнел хотелс“ АД Скопје ќе се задолжи во Комерцијална банка со кредит од 960.000 евра. Извор: Либертас]]>

Најчитани вести