Поради коронавирусoт кој речиси се рашири низ целиот свет, многу семејства мораат да останат во своите домови по цели денови, а колку тоа е тешко, знаат особено оние што имаат мали деца.
Една креативна мајка нашла начин како да го забавува својот син и му смислила интересна игра во домашен простор, имајќи ги предвид неговите омилени активности низ домот: трчање, скокање, вртење во круг, качување каде што не треба…