Полицијата во Калгари, Канада, забележала шест возила во напуштено подрачје, па веднаш се активирале и со хеликоптер отишле на лице место. Кога се доближле и сфатиле што се случува, дури и ги пофалиле жените кои танцуваат соодветно одалечени една од друга.
„И покрај тоа што препорачуваме да останете дома, ако сте надвор, ве молиме, оддалечете се едни од други“, напишала полицијата со споделеното видео од „чудните активности“.