(ВИДЕО) БОРИСОВ: Не даваат плати а имаат 84 Ролс Ројс, 54 Мајбах, 22 Мекларен, 123 Ферари …

Повеќе од 70.000 луѓе останале без работа во Бугарија, а премиерот Бојко Борисов уште кон средината на март ги повика газдите да „продадат по еден автомобил од тие што ги имаат, да им дадат плата на работницте, а не цело време да бараат помош од државата“.

Сакајќи да покаже колку всушност се богати газдите во Бугарија, Борисов објави и бројки на тоа колку супер автомобили има регистрирано во таа земја.

Тој изнесе податок дека во „сиромашна Бугарија“ газдите се сопственици и на 84 „ролс ројс“, 54 „мајбах“, 22 автомобили “мекларен“, 123 „ферари, 87 „ламборџини“ 241– „бентли“, 311 „масерати“ и 5.000 автомобили „порше“.

]]>

Најнови вести

Најново од Видеа

Најчитани вести