(ВИДЕО) Бојко Борисов со специјален поздрав до Северна Македонија: „Koрона чао“ на Дац и Александар

Преработката на песната „Бела чао“ од Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, која ја насловија „Корона чао“, стигна и до бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој возејќи со својот автомобил, ја слуша песната, а еден дел од неа особено потсетува на неговите зборови со кои се обрати на еден од присутните на една прес конференција.

Борисов ги повтори истите зборови и во видеото.

„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се справиме со коронавирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги почитуваат правилата. Само така ќе се вратиме на нашите нормални живот. Благодарност и до Дац и Александар. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка“, напиша бугарскиот премиер на својот профил на Фејсбук споделувајќи го следното видео:

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2740540286174024/
]]>

Најчитани вести