Астероид со дијаметар околу два километри вечерва по наше време околу 11:56 часот ќе помине покрај Земјата.
Астероидот се вика 52768 (1998 OR2), а прв пат бил забележан во 1998 година. Не постои опасност тој да ја погоди Земјата, а неговото минување можете да го гледате во следново видео.
Астероидот денес ќе помине на оддалеченост од шест милиони километри од Земјата со брзина од 31,319 километри на час.
Иако се смета за релативно незначителен, според проценките на НАСА, доколку би удрул во Земјата би предизвикал глобални последици. Всушност, овој астероид, по својата големина и оддалеченост според параметрите на НАСА, спаѓа во категоријата на потенцијално опасни, и покрај тоа што е далеку од Земјата, пишува Си-Ен-Ен.
]]>
астероид, во живо, гледајте, Голем, Земјата, покрај, поминува