Се чекаше што ќе каже германската канцеларка Ангела Меркел, а денеска таа не даде „зелено светло“ да се продолжат фудбалските натпревари во Бундеслигата, чиј почеток беше планиран за 15 мај.
И не само тоа, Меркел наредила клубовите од целата Бундеслига, прво да бидат во задолжителен двонеделен карантин. Ако тоа го почнат од денес, фудбалерите би можеле да се вратат на теренот најрано на 22 мај, седум дена подоцна од она што беше најавено вчера.
Германската фудбалска лига (ДФЛ) долго време бара одобрување за продолжување на Шампионатот, што е од витално значење за опстанокот на секторот, бидејќи во него работат околу 56.000 луѓе од Германија. ДФЛ исто така им предложила на властите строг протокол заснован на повеќе тестови за откривање на коронавирусот. Така Шампионатот ќе можеше да продолжи со минимален ризик.
Доколку се одиграат последните девет кола од Бундеслигата, германските клубови ќе добијат уште 300 милиони евра за ТВ-права, со што драстично ќе ги намалат своите загуби.
]]>


