Франција рутински ја победи Шведска изминатата вечер со 3-0 и обезбеди осминафинален натпревар против Парагвај на Светското првенство.
Мбапе беше двоен стрелец во 45 и 74 минута, а гол постигна и Баркола (53 минута), но францускиот селектор Дидие Дешан истакна оти победата можела да биде поубедлива бидејќи неговиот тим пропушти голем број добри шанси во првото полувреме.
„Направивме што требаше, иако бевме малку воздржани во првите 15 минути“, рече тој на прес-конференцијата по натпреварот. „После тоа, покажавме колку можеме да создаваме шанси. Единственото нешто за кое можеме да жалиме е што не бевме доволно ефикасни во првото полувреме. Можевме порано да го решиме прашањето за победникот, но толку многу ги исцрпувавме што ни беше полесно по паузата“, додаде Дешан.
Дешан изрази задоволство што неговиот тим ја помина првата пречка во нокаут фазата без поголеми тешкотии, но предупреди дека нема место за еуфорија.
„Нема да полетаме. Ќе уживаме во ова, а потоа ќе се вратиме на земја во рок од 48 часа. Знаеме што нè чека за четири дена. Прво, ќе одвоиме малку време да ја прославиме оваа победа, а потоа ќе мора да бидеме подготвени да го направиме сето тоа одново“, посочи францускиот селектор.
МИА


