СП 2026: Франција вечерва без Турам против Шведска

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, објави дека напаѓачот Маркус Турам ќе го пропушти вечерашниот натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Шведска.

Натпреварот ќе се игра во Њу Џерси, со почеток во 23 часот по средноевропско време, а Турам нема да биде во комбинација поради повреда на мускулот.

Францускиот селектор посочи дека не станува збор за сериозна повреда, но оти е прашање кога Турам ќе биде подготвен да се врати во тимот.

Франција ја мина групната фаза со максимални девет бодови, совладувајќи ги против Сенегал (3-1), Ирак (3-0) и Норвешка (4-1). 

МИА

Најчитани вести