Топлотен бран во источна Европа, температури во Романија од 44 степени Целзиусови

Топлотниот бран во Европа се помести кон истокок. Словачка забележа национален рекорд за температури од 41 степен Целзиусов, а Унгарија се приближи до највисоката забележана вредност на сите времиња со речиси 42 степени.

Властите низ целиот регион воведоа мерки за заштита од жештината, со која се борат и жителите на балтичките земји. Балканските земји се соочуваат и со висок ризик од шумски пожари.

Во некои делови од Романија, температурите достигнаа 44 степени, па Министерството за образование го одложи одржувањето на државните матурски испити. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести