Владата и италијанската фудбалска федерација одобрија медицински протокол, но истиот беше одбиен од клубовите и Здружението на играчи. Според предложените мерки, ако еден играч е заразен, целиот тим мора да биде ставен во карантин за период од 15 дена. Клубовите и играчите сакаат да се следи моделот на Германија и Шпанија и да се изолира само заразеното лице.
Во наредните денови се очекуваат нови преговори во врска со протоколот, во кој има и други разлики меѓу страните. Има објавен датум на кој се очекува првенството да биде обновено и тоа е 13 јуни. Сепак, премиерот не беше специфичен за тоа дали сезоната би можела да започне повторно тогаш.
-Пред да започне сезоната, ни требаат уште некои гаранции. Разговарав со министерот за спорт, Винченцо Спадафора, и во оваа фаза ги немаме. Се надевам дека ќе стигнеме до нив што е можно поскоро, рече Конте.
MИА
]]>


