Чуден обид за грабеж се случил во една продавницата за накит во Бразил. Безбедносните камери снимиле неподвижен маж во инвалидска количка кој му се заканува на вработениот со пиштол што го држел со нозе.
Инцидентот се случил во бразилскиот град Канели во понеделникот, а вработениот во продавницата првично мислел дека станува збор за шега и го игнорирал разбојникот.
Бидејќи не можел да ги користи своите раце, заради неговата попреченост, 19 годишниот крадец го држел пиштолот со нозете. Имал и написмено напишана порака дека ја ограбува продавнивата, бидејќи бил и нем.
Обидот за грабеж бил неуспешен затоа што полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот и го уапсила разбојникот. Пиштолот не бил вистински, но во количката е пронајден голем кујнски нож.
]]>
Бразилец, држејќи, златарница, ограби, пиштол со нозе, се обидел