Мајк Тајсон со тажна исповед: Бил тепан и силуван

Легендарниот боксер Мајк Тајсон изјави дека силувањeто што го преживеал како дете не влијаело на неговиот живот. Кога Тајсон призна дека бил силуван како адолесцент, новинарот на „ЕСПН“ , Џереми Шап остана во шок.

-Бев дете, а тој беше постар човек. Ме претепа и сексуално злоупотреби. Потоа никогаш не го видов. Од сето тоа научив дека не си помалку човек заради тоа што ти се случило, рече Тајсон и додаде:

-Никогаш не сум кажал на никого. Не дека ми е непријатно, туку затоа што тоа е нешто што се случи. Немаше големо влијание врз мојот живот. Го надминав за време на моите боксерски денови.

Таткото на Тајсон го напуштил додека бил во основно училиште, оставајќи ја мајка му сама со три деца. Неговиот живот најмногу се променил кога останал и без мајка си на возраст од 16 години, а наскоро и без сестра.

-Никогаш не ја видов мајка ми да биде среќна заради мене, за работите што ги правам. Таа ме знаеше како само како диво дете кое цел ден трча низ улиците и се враќа дома со нова облека што не му ја купила. Никогаш немав шанса да разговарам со неа и да се согласуваме. Тоа ја скрши и лично и емотивно, заклучи Тајсон, кој на 13-годишна возраст дури 38 пати веќе бил апсен за „ситни“ криминални дела.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести