324.479 граѓани ќе ја добијат домашната платежна картичка „Купувам домашно“! Без аплицирање и без дополнителни трошоци. Тоа се 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги, 28 милиони за поддршка на нашата економија.
👉9.000 денари им следуваат на невработени лица, активни баратели на работа и приматели на социјална помош кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари од јануари до април 2020 година. 👉3.000 денари ќе добијат вработени лица кои за периодот јануари -април 2020 година оствариле доход до 60.000 денари по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ. 👉3.000 денари им следуваат и на средношколци во државните училишта и студенти од 16 до 29 години.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Генерален секретар на СДСМ