Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники е позитивен за коронавирус, тоа го потврди и тимот на славниот тенисер Новак. Тој е еден од трите членови на учесниците на „Адрија Тур“, на кого тестот е позитивен заедно со Борна Чориќ и Кристијан Грох.
Чориќ, Паники и Грох ќе бидат во самоизолација во Задар и ќе ги чекаат понатамошните препораки на надлежните институции. По пет дена тие ќе го повторат тестот и ако е негативен ќе можат да одат дома, а ако е позитивен, ќе продолжат да ги почитуваат препораките.
Сите други, вклучително и останатите тенисери и членови на тимот на Новак, се негативни на корона вирусот.
]]>


