(ВИДЕО) Лажна вест на Александар Николовски дека ќе се затвора фабриката „Дрекслмајер“ од компанијата ги отфрлаат ваквите тврдења

Лажна е веста дека ќе се затвора фабриката „Дрекслмајер“ како што тврдеше на предизборен собир во селото Криволак носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четврта изборна единица, Александар Николовски. Тој рече дека СДСМ во минатото затворала гиганти, а сега го затворала Дрекслмајер.

„СДСМ ги затвора фабриките. Сега ја затвора и „Дрекслмајер“. Нови фабрики не се отвораат, ниту домашни, ниту странски, обвини Александар Николоски.

Од компанијата ги отфрлаат ваквите тврдења. И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ тврди дека фабриката не се затвора туку од август го интензивира своето работење.

Јанчев апелира до политичките партии да не ги мешаат компаниите во предизборната кампања.

]]>

Најнови вести

Најново од Видеа

Најчитани вести