На социјалните мрежи се појави видео во кое се тврди дека кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 2 поточно од Ѓорче Петров, деновиве е фатен од полицијата како во доцните вечерни часови местел банери од својата партија на неколку локации низ Ѓорче Петров.
На кусата снимка која се појави на Фејсбук се гледаат полицајци и две лица од кои за едно се претпоставува дека е кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков случај се појави и во билтенот на Министерството за внатрешни работи на ден 04.07.2020 каде што стои:
По куса проверка лесно може да се види дека на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 навситина има кандидат со иницијали Б.С. (29) како што е наведено и во полицискиот билтен.
Инаку според Изборниот законик, плакати од политички партии можат да се посѕтават само на строго утврдени места, местење на висечки банери на главни и сервисни улици, како случајот во Ѓорче Петров е забрането. Останува да го видиме епилогот од овој случај.
Извор: Центар.мк
]]>
видео, ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за пратеник, плакати, полиција