Нови „бомби“: Мицкоски на тајна средба ги убедувал независните пратеници да не гласаат за Законот за ЈО

На интернет осамнаа нови аудио снимки на кои се слуша како Христијан Мицкоски ги убедува независните пратеници, кои претходно ги ибрка од партијата, како ги убедува дека не е добро да гласаат за Законот за Јавно обвинителство. Гласот на Мицкоски се слуша како им зборува на пратениците дека власта сака на нелегален начин да ги пренесе предметите од СЈО во Јавното обвиниелство, а со тоа власта имала намера да продолжи со уцените и притисоците врз неистомислениците.

На друга снимка пак, Мицкоски, на истиот состанок со пратениците, им зборува како тој им рекол во сите партиски општински комитети да не ги напаѓаат независните пратеници. На трета снимка пак, се слуша како Мицкоски им вели дека ќе дошол денот да се открие целата вистина, и дека и тие, како пратеници ќе моќат после избори да и ја откријат вистината на јавноста.

Како и да е, пратениците не ги послушаа советите на Мицкоски и го гласаа Законот за Јавно обвинителство. Од денешните снимки не може да се дознае дали Мицкоски им открил на пратениците дека неговата борба против законот е со намера да ги заштити, прво криминалците во своите редови, а потоа и луѓе како Сашо Мијалков и Орце Камчев. На снимките кои претходно се појавија на интернет се слуша како Мицкоски му зборува на соговоникот Зоран Милевски Кичеец дека тој како лидер на ВМРО ДПМНЕ се бори против Законот за Јавно обвинителство за да може да се извлечат Камчев и Мијалков од предметот „Империја“ за финансиски криминал.

Мицкоски му признава на Кичеец дека и двајцата му даваат пари во партијата, едниот му плаќал автобуси за митинзи, другиот ги платил сите долгови за комунални сметки. Со денешните снимки уште еднаш се покажа дека Мицкоски штител лични и партиски интереси кога настојувал да го блокира законот.

они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму“, вели Мицкоски.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести