Салата со пилешко

Пилешката салата, можете да ја понесете и со себе кога и да посакате како хранлив оброк и да уживате во него каде и кога ви одговара. Состојките можете да ги прилагодите по желба, но преливот да го додадете непосредно пред јадење.

        Состојки:

  • 300 грама пилешко филе
  • 1  кинеска зелка 
  • 1 црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 краставица
  • 5 шери домати
  • 1 мал морков
  • неколку листови нане
  • свеж магдонос
  • сол по потреба
  • 1 лажица кикирики

        За преливот:

  • 1  лимета
  • 2 лажички балсамико
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 чешне лук

Подготовка:


Сварете го пилешкото во солена вода. Подгответе го зеленчукот за салатата така што на исецканата кинеска зелка  ќе ѝ додадете сецкан кромид и тенко исецкана пиперка. Извадете ги семките од краставицата и исецкајте ја, исечете го морковот на тенки стапчиња или изрендајте го, па додадете ги и шери доматите.

Додадете ги  исечканиот магдонос и нане, па измешајте се.Ставете го подготвениот зеленчук во сад и врз зеленчукот наредете го исецканото пилешко месо. Посипете со потпечени и исецкани кикирики. Подгответе го преливот во тегла. Измешајте ги исцедениот сок од лимета, балсамико, маслиновото масло, шеќерот и многу ситно исецканото лукче.

Протресете ги сите состојки заедно и оставете ги да отстојат 10 минути за да се соединат вкусовите. Пред послужување, прелијте ја салатата со преливот и измешајте; оставете да отстои 2–3 минути за зеленчукот малку да омекне.

Совет:

Прелијте ја салатата со преливот непосредно пред јадење; во спротивно, зеленчукот ќе стане премногу мек.

МИА

Најчитани вести