Роберт Ирвин, син на починатиот ловец на крокодили Стив Ирвин, сè повеќе личи на неговиот татко. И него го интересираат дивите животни, а снима и документарен филм за нив. Сепак работите понекогаш знаат да излезат од контрола.
На својот профил на Инстаграм, Роберт сподели видео во кое тој си игра со голем питон, сцена што треба да биде дел од документарниот филм, но пред да го врати на земја, змијата го гризна за лице.
„Откако го спасивме, овој дијамантски питон нè потсети на слична ситуација што се случи пред неколку децении во епизода од серијалот за ловците на крокодили. Можеби вака тие всушност велат „благодарам ““, напиша Роберт со споделеното видео.
Покрај видеото Роберт сподели и фотографија на која се гледаат неговите и раните на татко му од змиите.