ПВРСМ Спасовски: Покажавме европски вредности на дело, продолжуваме во сигурна иднина, повикуваме граѓанската волја, час поскоро да биде преточена во институциите

Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира и ќе работи со несмален интензитет во интерес на граѓаните, изјави попладнево на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.

Очекува дека наскоро ќе бидат објавени конечните резултати од изборите и ќе започне процесот на конституирање на институциите.

– Мислам дека сите политички субјекти да бидат многу повеќе одговорни од претходно бидејќи имаме држава која сега е во здравствена и сериозна економска криза. Затоа ни се потребни институциите, да имаме функционално Собрание и Влада која ќе има полн легитимитет за да продолжи со справување на целата оваа состојба. Исто така имаме и период во којшто треба да преговорите за членство со Европската унија. Сето ова бара да бидеме навистина сериозни во делувањето и носењето на одлуките, порача Спасовски.

Појасни дека по прогласувањето на конечните резултати, по сила на закон, престануваат функциите на сите технички министри и дополнителни заменици – министри кои биле избрани согласно Законот на Влада.

– Така што никој нема потреба да поднесува оставка бидејќи со објавувањето на конечните резултати нивниот мандат прекинува, истакна Спасовски. 

Тој упати честитки до сите граѓани на нашата држава, кои го разбраа личниот дел од одговорноста и во услови на светска пандемија, излегоа на гласање и го остварија своето уставно загарантирано право на глас.

„Упатувам и благодарност до институциите вклучени во организацијата и спроведувањето на изборите и на вработените во овие институции, кои беа на висина на одговорностите и спроведоа здравствено безбедни избори.

Посебна благодарност упатувам до Комисијата за заразни болести за донесените оперативно – успешни протоколи, со коишто е заштитено јавното здравје.

Победник од вчерашните избори е секој гласач, секој учесник во изборниот процес и пред и над сè, победник е Република Северна Македонија“, рече Спасовски.

„Организиравме здравствено – безбедни, мирни, фер, слободни и демократски, европски избори, како што и доликува на една држава којашто е на чекор до почеток на преговорите со Европската унија.

Ќе влезат во демократската меморија на нашата земја предвремените парламентарни избори 2020 година, преку коишто покажавме како навистина се сака својата земја, како се чуваат постигнувањата, како се обезбедуваат нови аргументи за интеграциските перспективи на земјата.

Овие, кристално чисти, фер и демократски избори се уште еден доказ, дека кога има демократска политичка определба и кога има демократска организација, има и чисти демократски резултати, одраз исклучиво на слободно изразената граѓанска волја“, истакна Спасовски.

„Очекувам од Државната изборна комисија да дадат придонес во тој процес. Граѓаните ги очекуваат официјалните резултати од изборите и ДИК е должна да излезе на прес-конференција и да ги соопшти.

Да сме горди на вчерашниот фер и демократски изборен ден на којшто победи волјата на народот“, порача Спасовски.

https://www.youtube.com/watch?v=pVPbbCHv5AY&feature=emb_title


]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести